ноември 3, 2026

Заедно садиме за позелена иднина!

Во духот на екологијата, хуманоста, грижата за животната средина и програмата ,,Зелен волонтеризам” реализиравме заедничка акција за садење Киви- (Actinidia deliciosa),Туја–(Thuja occidentalis) и Зимски цвет – (Viola wittrockiana) со децата од ЈОУДГ „2 Септември“ и нашите волонтери од шумарската струка при СОУ „Крсте Петков Мисирков“.
Преку оваа активност, најмладите уште од најрана возраст учеа за значењето на природата, важноста на зеленилото и одговорноста што сите ја имаме кон животната средина.
Засадувавме не само дрвца, туку и љубов кон природата, еколошка свест и надеж за поздрава и позелена иднина!

< врати се назад