август 17, 2026
Превентивна активност!
Поради високите температури и актуелниот топлотен бран, волонтерите на Црвен крст Демир Хисар спроведоа превентивна активност со делење шишиња вода и информативни препораки за заштита од топлото време.
На граѓаните им беше укажано да внесуваат доволно течности, да избегнуваат директно изложување на сонце во најтоплиот дел од денот, да носат лесна и светла облека и да посветат посебно внимание на децата, повозрасните лица и хронично болните.
Грижата за здравјето започнува со превенција. Да бидеме одговорни и да се заштитиме од негативните последици на високите температури.











































