септември 4, 2026
Посета на музејот на Радио Д-Хисар
Денес во посета на Музејот на радиото беа учениците од четврто одделение од ООУ “Гоце Делчев” Демир Хисар и дел од волонтерите во ПХВ програмата на ООЦК кои имаа можност одблиску да се запознаат со историјата на комуникацијата и развојот на радиото низ годините.
Преку интересни приказни, стари радио апарати и интерактивна презентација, учениците научија како радиото било главен извор на информации, музика и поврзување меѓу луѓето во минатото.

















































