Посета кај градоначалникот на Општина Демир Хисар
Волонтерите од Општинската организација на Црвен крст Демир Хисар, кои со својата посветеност, креативност и хуманост го освоија третото место и пехарот во рамките на програмата “Промоција на хумани вредности 2026”, остварија средба со градоначалникот на Општина Демир Хисар.
На средбата, градоначалникот им честиташе за постигнатиот успех, истакнувајќи дека тие се вистински пример за младински активизам, солидарност и општествена одговорност. Волонтерите имаа можност да ги претстават своите активности, реализираните 5 проекти и позитивните промени што ги создадоа во локалната заедница преку PHV програмата.
Во пријатна и пријателска атмосфера беа разменети идеи за идни активности и можности за понатамошна соработка помеѓу Локалната самоуправа и младинците од Клубот на млади..














































