октомври 8, 2026

Нивното искуство, наша инспирација!

По повод 1️⃣ Октомври – Меѓународниот ден на старите лица, вработените и волонтерите од Клубот на млади на Општинската организација Црвен крст Демир Хисар реализираа прекрасни активности исполнети со дружење, насмевки и меѓугенерациска соработка.

Заедно со членовите на Здружението на пензионери Демир Хисар се дружевме во Клубот на пензионерите, каде што преку заедничко играње друштвени игри создадовме пријатна атмосфера и нови пријателства, покажувајќи дека годините не се пречка за дружење и забава.

Во рамки на одбележувањето на денот ја посетивме и 86-годишната Босилка Гаревска, која несебично го сподели своето знаење и искуство со нас, покажувајќи ни техники за изработка на прекрасни рачни ракотворби. Преку разговор, дружење и заеднички изработки, уште еднаш се уверивме дека мудроста, искуството и традицијата што ги носат повозрасните генерации се непроценливо богатство.

Им благодариме за топлиот пречек и за животните лекции што ни ги пренесоа.

< врати се назад