ноември 3, 2026
ХУМАНОСТА СЕ СОСТОИ ОД МАЛИ ДЕЛА СО ГОЛЕМО ЗНАЧЕЊЕ!
Во тек е хуманитарна акција во ООУ „Гоце Делчев“ Д-Хисар, организирана по повод одбележувањето на Неделата на гладта 16-22 Октомври.
Преку оваа активност, Црвениот крст Демир Хисар, заедно со учениците и вработените во училиштето, ја поттикнува солидарноста, хуманоста и грижата за лицата и семејствата кои се соочуваат со социјални предизвици.
Секој дониран производ е знак на внимание, поддршка и надеж за оние на кои помошта им е најпотребна.
Да споделиме и донираме од срце, затоа што никој не треба да биде гладен!


















































