март 19, 2026

Едукативна работилница

Во соработка со Елена Макаријоска Милеска од Центарот за управување со кризи РЦУК Демир Хисар заеднички реализиравме едукативна работилница за подигнување на свеста кај младите за ризиците од поплави и управување со кризни ситуации.

Младите имаа можност да научат

  • како правилно да се реагира при поплави
  • која е улогата на Црвениот крст во помош на населението погодено од елементарна непогода- поплава.

Преку интерактивна дискусија и практични примери, младите волонтери стекнаа корисни знаења и вештини за подобра подготвеност и заштита на заедницата.

< врати се назад