ноември 3, 2026
ДУКАЦИЈА ЗА ПОДИГНУВАЊЕ НА СВЕСНОСТА ЗА ДИЈАБЕТЕСОТ
По повод Неделата за борба против дијабетес, Црвен крст Демир Хисар, во соработка со ООУ „Браќа Миладиновци“ с.Жван, организираше едукативно предавање за учениците и наставниот кадар, со учество на доктор Милошeвски од Итната медицинска помош како предавач.
Учениците имаа можност да се запознаат со дијабетесот, неговата превенција, значењето на здравите животни навики и важноста од навремено препознавање на симптомите.
Со знаење, едукација и грижа за здравјето, заедно градиме посвесна и поздрава заедница!














































