ноември 2, 2026
Детска недела
По повод Детската недела 5-11 Октомври и Неделата на млади, заедно со децата од ЈОУДГ „2 Септември“ реализиравме низа креативни, едукативни и забавни активности прилагодени на нивната возраст.
Преку игра, дружење и заеднички активности ги поттикнавме вредностите на пријателството, солидарноста, хуманоста и меѓусебното почитување.
Детските насмевки, позитивната енергија и активното учество беа најубавата потврда за успешноста на овој ден.





















































