септември 4, 2026

29-ти април – Меѓународен ден на играта и танцот

По повод 29-ти април – Меѓународниот ден на играта и танцот, со најмладите членови на КУД “Илинден” Демир Хисар го одбележавме денот со отворање на ликовна изложба, произлезена од ликовниот конкурс, при што беа доделени наградите и признанијата на најдобрите учесници.

Воедно, имавме и едукативно предавање од Општинската организација на Црвениот крст, посветено на превенција и справување со повреди при вежби и настапи на играорците.

< врати се назад