февруари 2, 2026
Секое парче облека- нова насмевка!
Покрај многуте активности, Денот на волонтерството заеднички го одбележавме и со учениците од ООУ “Гоце Делчев” Демир Хисар.
Најмладите волонтери, организираа хуманитарна акција за собирање зимска детска облека и обувки која ќе биде донирана до семејства во социјален ризик.
Создаваме свет исполнет со грижа, солидарност и човечност и покажуваме дека детските срца знаат да прават големи дела!
















































