март 13, 2026

Промовираме хумани вредности во заедницата

Со многу насмевки, креативност и детска радост, првачињата од ООУ “Гоце Делчев” Демир Хисар заедно со волонтерите од Црвен крст на РСМ-Општинска организација Демир Хисар , како еден од проектите на ПХВ програмата, изработија преубави честитки по повод 8️⃣ Март – Денот на жената.

Малите рачиња создадоа честитки исполнети со љубов и благодарност за сите мајки, баби, наставнички и жени кои секојдневно нè инспирираат.

Оваа активност беше уште еден убав пример каде што другарството и креативноста беше споено со хуманоста.

< врати се назад