Мобилна гинеколошка амбуланта
Ги повикуваме сите жени од општина Демир Хисар да искористат можност за бесплатен гинеколошки преглед во мобилната гинеколошка амбуланта која започнува со работа во нивната општина. Прегледите се наменети за жените од сите населени места во општината, со цел навремена превенција од рак на грлото на матката.
Во рамки на овој превентивен проект, на жените ќе им биде овозможено бесплатно да извршат гинеколошки преглед, вклучувајќи и ПАП тест. Ги охрабруваме сите жени, особено оние кои немаат матичен гинеколог, жените од оддалечени и рурални места, како и жените од ранливи категории, да се пријават и да закажат термин за преглед.
Закажувањето се врши на телефонските броеви на Црвениот крст на Демир Хисар:
071 669 418 Секретар Ангела Б.Стојковски
(Термините ќе бидат нахнадно договорени).
Прегледите ќе ги извршуваат гинеколози од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство.Со организирањето на овие бесплатни прегледи се стремиме да го зголемиме бројот на жени кои редовно вршат скрининг и да ја подигнеме свеста за важноста на раната детекција. Редовните прегледи претставуваат најефикасна заштита од рак на грлото на матката.
Локација: Здравстен дом Демир Хисар
Работата на мобилната гинеколошка амбуланта е овозможена со поддршка на Министерството за здравство, Македонската асоцијација на гинеколози и опстетичари – МАГО, Црвениот крст на РСМ – ЦКРСМ и Македонското лекарско друштво – МЛД.
Не ја одложувајте грижата за вашето здравје – закажете преглед и направете важен чекор за вашата благосостојба.











































