март 13, 2026
Креативна работилница за плетени играчки






Со многу креативност, трпение, насмевки и убава дружба успешно ја реализиравме креативната работилница за изработка на плетени играчки и приврзоци со младиот уметник Викторија Пецевска од платформата Pleteni igracki, која специјално за оваа работилница дојде од Битола да даде поддршка на еден од проектите.
Младинците, имаа можност да научат нови вештини, да ја развијат својата креативност и да создадат уникатни рачно изработени детски играчки кои ќе се продаваат на Велигденскиот базар и преку on line продажба.
Оваа активност уште еднаш покажа дека преку заедничка работа, дружење и добра волја се создаваат убави дела и позитивна атмосфера. ![]()
![]()
![]()











































