февруари 2, 2026
Кампања против употреба на пиротехнички средства
Денес, со полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Битола, ПС од ОН Демир Хисар и лекар од Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија реализиравме едукативно предавање за подигнување на свеста за штетните последици од употребата на пиротехнички средства со учениците од ООУ “Гоце Делчев” и СОУ “Крсте П.Мисирков” Демир Хисар.
Заеднички, испраќаме силна порака за важноста на превенцијата и одговорното однесување и ја подигнуваме јавната свест за опасностите и употребата на пиротехнички средства, особено во периодот на Новогодишните и Божиќните празници.








- Празнувај без ризик,
- Биди одговорен, избери безбедност












































