ноември 11, 2025

Европскиот ден на борба против трговијата со луѓе

👉🏻 Во рамките на одбележувањето на Европскиот ден на борба против трговијата со луѓе, во соработка со ОВР Демир Хисар, ️волонтерите од Клубот на млади преку презентација, видеа и интерактивен пристап имаа можност да се запознаат со суштината и сериозноста на проблемот со трговијата со луѓе, како и со начините на кои оваа појава ги нарушува основните човекови права.

▶️Со оваа активност придонесуваме кон подигнување на свеста кај младите за сериозноста на трговијата со луѓе, како и кон унапредување на нивното знаење за превенција и заштита од оваа појава. 🚨⛑️

< врати се назад